Seminarski i Diplomski Rad

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Kreditna aktivnost na bankite vo R. Makedonija (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.

Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.

Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.

Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.

 

1. Кредитната активност на банките 2003-2009

При анализата на кредитната активност на банките во Р.Македонија, доколку почетокот на 2003 година се третира како почеток на брзиот пораст на кредитите тогаш 2003 година може да се третира како година на будење на кредитната активност во Македонија. Во наредниот период заклучно со 2007 банките продолжуваат со уште засилена кредитна активност и сето ова резултира на кумулативен пораст на бруто кредитите на комитентите(нефинансиски правни лица и население) во однос на 2002 за околу 3 пати повеќе.изразената динамика на пораст на кредитите одобрени на приватниот сектор во овој периот во Р.Македонија укажува на зголемена финансиска подршка на економската активност од страна на банкарскиот систем. Притоа таа преставува резултанта на влијанието на повеќе фактори: проширување на депозитната база, зголемувањето на нивнит кредитен потенцијал, диверзифицирана понуда на кредити што ја зголеми активноста на кредитите како извор на финансирање, повисок степен на конкуренција на банките и др. Во текот на 2008 година темпото на кредити почнува да се забавува при што на крајот на годината вкупните кредити на нефинансиски лица бележеле пораст од 34,4%. Забавеното темпо на кредитната активност особено доаѓа во 2009 год кога е остварена годишна стапка на раст од 3,5% со истовремено остварување на негативна стапка на раст од околу 31% на новоодобрените кредити и тоа за прв пат по неколку годишниот пораст. Забавената кредитна активност на банките е директен резултат на влијанието на голем број на фактори меѓу кој еден од најголемите е Светската финансиска криза која ги натера банките да водат заострена кредитна политика.

Grafikon br. 1 Кредити на нефинансиски сектор

Извор: НБРМ (анализа направена за годините 2002-2009)

1.1 Валутна структура на кредитни пласмани

Валутната структура на кредитните пласмани во период 2002-2009 година укажува на доминантното учество на денарските кредити во вкупните кредити одобрени од страна на банките. Меѓутоа од почетокот на 2004 рефлектирајќи ги промените во законот на девизно работење, структурното учество на денарските кредити како доминантна категорија во вкупните кредити постеено се намалува, наспроти зголемувањето на учеството на девизните кредити. Поконкретно почнувајќи од 2005 учеството на денарските кредити се намалува како резултат на зголемување на учеството на кредитите со валутна компонента воопшто ( во девизи и денари со валутна клаузула), што укажува на наклонетоста на банките на користење на клаузули за заштита од валутниот ризик. Интензивниот пораст на денарските кредити со девизна клаузула придонесува кон јакнеење на нивната позиција и во рамките на валутната структура во вкупните кредити. Во текот на 2009 година кај кредитите во денари за прв пат во изминатите неколку години се забележа негативна годишна стапка на промена, што придонесе за нивното натамошно намалување во учеството на вкупните кредити на нефинансиските субјекти.

Grafikon br. 2. Валутна структура на кредити

Извор: НБРМ (анализата од извештаите за год 2002-2009)

1.2 Рочната структура

Од аспект на рочната структура во периодот до 2002 година доминираат краткорочните кредити. Во 2003 година доаѓа до структурно поместување во насока на зголемување на учеството на долгорочните кредити за сметка на падот на краткорочните. Евидентираните поволни поместување на рочната структура на кредитите говори во промената на стратегијата на банките во насока на зајакнување на преференцијата на долгорочното кредитирање, што преставува сигнал за постепено зголемување на финансиска подршка на економсиот пораст преку банкарското кредитирање. Ваквиот тренд е присутен се до 2007 година, кога краткорочните кредити го зголемија своето учество во вкупните бруто кредити за 1,8 процентни поени. Трендот на зголемување на учеството на краткорочните кредити продолжува и во 2008 година кога е забележан пораст од 1,3 процентни поени во однос на претходната година. Во услови на интензивен раст на краткорочните кредити, долгорочните кредити сепак ја задржаа доминантната позиција во рочната структура на вкупните кредити. Меѓутоа во 2009 година краткорочното кредитирање доживеа негативна стапка на промена на годишна основа и структурното учество на краткорочните кредити во вкупните кредити на нефинансиските субјекти забележа значително намалување во однос на претходната година, што придонесе до јакнеење на доминантната позиција на долгорочните кредити.

 

 

 

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!